Connect with us

Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра

Ливерпул минатото лето потроши рекордни 481 милион евра за засилувања, но сезоната не ја започна онака како што посакуваше.


Актуелниот шампион на Англија заостанува осум бодови зад лидерот Арсенал по 11 одиграни кола, а пред него на табелата се наоѓаат уште шест клубови. Екипата на Арне Слот во домашното првенство прими дури 17 гола.

Тоа го вклучи „црвениот аларм“ на Енфилд, па „црвените“ ќе се обидат проблемот да го решат со ново засилување

Шпанскиот „Мундо Депортиво“ објави дека Ливерпул ја насочил својата цел кон стоперот на Интер, Алесандро Бастони, и дека клубот нема да жали пари за да го доведе уште во јануарскиот преоден рок.

За одличниот дефанзивец на вицешампионот на Европа наскоро ќе пристигне понуда од 100 милиони евра, и колку и да е важен за Интер, тешко дека клубот од Милано ќе ја одбие оваа астрономска сума.

Арне Слот го сака италијанскиот репрезентативец во тимот уште од Нова година, и е многу блиску до тоа да го добие.

Бастони има 26 години и е производ на академијата на Аталанта. За Интер потпиша во летото 2017 година за 31 милион евра, по што уште една сезона ја помина на позајмица во Бергамо. Следната сезона беше пратен на позајмица во Парма, каде што одигра феноменално, што и го врати во првиот тим на Интер.

Оваа сезона на 17 натпревари има постигнато два гола и четири асистенции.

Тој е совршен стопер, а неговото доаѓање би можело да биде најава за можното заминување на Конате во Реал Мадрид следното лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови