
Познати се првите два полуфиналисти во Лигата на Европа – Атлетик Билбао и Тотенхем си обезбедија место меѓу најдобрите четири, додека Лацио и Манчестер Јунајтед ќе мораат да играат продолженија во своите реванш средби за да ја задржат надежта за европска слава.
Атлетик Билбао одигра зрел натпревар на домашен терен и го совлада Ренџерс со 2-0. Стрелци за шпанскиот тим беа Ојхан Санцет од пенал и младиот Нико Вилијамс, кој ја запечати победата и го потврди пласманот на Билбао во полуфиналето.
Во Франкфурт, Тотенхем славеше со минимални 0-1 над Ајнтрахт, благодарение на голот од пенал на Доминик Соланке во 43-та минута. Со вкупен резултат од 2-1, англискиот тим заслужено патува понатаму.
Во Рим, Лацио на драматичен начин успеа да ја анулира предноста на Бодо-Глимт. Кастељанос погоди за 1-0 рано во мечот, а Тијани Нослин во 93-та минута ја донесе надежта со погодок за 2-0. Мечот продолжува во продолженија.
Слично сценарио се случи и на „Олд Трафорд“, каде Манчестер Јунајтед пропушти водство од 2-0 против Лион. Головите на Угарте и Далот ја доведоа англиската екипа во комотна позиција, но Французите преку Толисо и Таљафико успеаја да израмнат. Толисо доби црвен картон во самиот финиш (89’), па во продолженијата „Црвените ѓаволи“ ќе имаат играч повеќе на теренот.
Возбудувањата продолжуваат, а полуфиналните двојки ќе бидат комплетирани по продолженијата во Рим и Манчестер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
