
Дарко Чурлинов продолжува со одличните партии во дресот на Јагиелонија, иако неговиот тим беше елиминиран од Бетис во четвртфиналето на Конференциската лига. Македонскиот репрезентативец постигна гол во 81. минута од реваншот кој заврши 1-1, но шпанскиот тим оди понатаму благодарение на победата од 2-0 во првиот натпревар во Севилја.
⚽️ GOAL: Churlinov levels ! 🥳
— Footballnus (@footballnus) April 17, 2025
🇪🇺 Jagiellonia 1-1 Real Betis
pic.twitter.com/8NgErk8xK1
Чурлинов се покажа како еден од најопасните играчи на теренот и повторно демонстрираше дека е во одлична форма, откако неодамна се врати од повреда. Неговиот гол дојде само три минути откако Седрик Бакамбу го доведе Бетис во водство.
Големи пофалби за Чурлинов, кој сè повеќе станува клучен играч за својот клуб и одличен амбасадор на македонскиот фудбал на европската сцена.
Во другиот дуел од четвртфиналето, Фиорентина и Целје одиграа 2-2 во Италија, но „виолетовите“ одат понатаму благодарение на победата од 1-2 во Словенија. За Фиорентина стрелаа Мандрагора и Кин, додека за Целје погодија Марко и Неманиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Палиња го извлече Тотенхем од пораз (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со три бода се враќа од Сардинија (ВИДЕО)
