Connect with us

Анчелоти нема намера сам да си замине од Реал, но ако добие отказ ќе размисли за понудата да биде селектор на Бразил

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е цврст во својата одлука да продолжи да го води тимот. Тој ги негираше информациите што претходно се појавија, дека Италијанецот ќе си замине по финалето на Купот на Кралот на 26 април, каде противник ќе биде Барселона.

Договорот на Анчелоти трае уште една сезона и во моментов тој не размислува сам да си поднесе оставка. Доколку биде отпуштен, би размислил за понудата да биде селектор на Бразил.

Сепак, веројатноста Реал да има нов тренер следната сезона е многу голема. Според „Релево“, голем дел од фудбалерите на „кралскиот клуб“ веќе не веруваат во Анчелоти и го информирале Флорентино Перез за тоа.

„Билд“ дополнува дека фаворит за нов тренер на „кралевите“ е Чаби Алонсо. Баскиецот, кој моментално е на чело на Баер Леверкузен, има откупна клаузула и може да замине во секое време доколку таа биде активирана.

Синоќа Реал Мадрид беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампионите по два порази од Арсенал и вкупен резултат 1-5. Тимот заостанува 4 поени зад Барселона во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови