
Лоши вести за Реал Мадрид по поразот од Арсенал во Лигата на шампионите, Килијан Мбапе, се повреди и беше принудно заменет во 75. минута од натпреварот, кој „кралскиот клуб“ го загуби со 1-2.
Капитенот на Франција почувствува болка во десниот скочен зглоб и го напушти теренот држејќи се за ногата. Засега не е позната сериозноста на повредата, но тој наскоро ќе помине низ детални медицински прегледи.
Од Реал Мадрид се надеваат дека повредата не е тешка, бидејќи Мбапе е од големо значење за тимот, особено за финалето на Купот на кралот против Барселона, кое се игра на 26 април.
Поради црвен картон, Мбапе веќе е суспендиран за следниот меч во Ла Лига против Атлетик Билбао, а можно е да го пропушти и натпреварот со Хетафе на 23 април.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal