
Фудбалска Европа добива нов крал. Владеењето на Реал Мадрид заврши уште во четвртфиналето, каде што Арсенал со две сигурни победи го исфрли актуелниот шампион.
По убедливиот триумф од 3-0 во Лондон, „топчиите“ вечерва ја потврдија својата доминација и на „Сантијаго Бернабеу“, славејќи со 1-2. Букајо Сака го отвори резултатот во 65. минута, но Винициус Јуниор веднаш возврати за израмнување. Сепак, во самиот финиш – длабоко во судиското продолжение, Габриел Мартинели го донесе клучниот погодок и потврди сензационален пласман во полуфиналето.
Можеше Арсенал уште на стартот да го реши мечот – Сака изведе пенал, но не успеа да реализира.
И додека Реал Мадрид се збогуваше со трофејните соништа, вечерва славеше Интер. Италијанскиот гигант одигра 2-2 со Баерн Минхен на „Џузепе Меаца“, доволно за да ја задржи минималната предност од првиот натпревар (2-1) и да обезбеди полуфинале.
Кејн го отвори резултатот за баварците во 52. минута, но одговорот на домаќините беше молскавичен, прво Лаутаро Мартинез израмни, па Бењамин Павар донесе пресврт. Сепак, Ерик Дајер во 76. минута донесе надеж за Баерн, но тоа беше сè што успеа да направи германскиот гигант.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
