
Антоан Гризман ќе остане дел од Атлетико Мадрид, откако, според информациите на „Релево“, постигнал договор за продолжување на договорот до летото 2027 година. Иако актуелниот договор истекува во 2026 година, 34-годишниот француски ас се согласил на намалување на платата за да ја продолжи својата кариера на „Ванда Метрополитано“.
Интересно е што Гризман размислувал за две понуди. Едната од ФК Лос Анџелес од МЛС лигата, каде што играат неговите пријатели Оливие Жиру и Хуго Лорис, а другата е од саудиски клуб, со многу повисока финансиска понуда.
Но, и покрај тоа, Гризман ја избрал лојалноста кон Атлетико Мадрид, клуб со кој има силна емоционална врска и каде што повторно блеска во последните сезони.
Овој потег уште еднаш ја потврдува неговата посветеност кон клубот и тренерот Диего Симеоне, со кој има извонредна соработка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal