
Голманот Мајк Мењан доби дозвола од лекарите да почне со тренинзи, неколку дена по судирот со неговиот тимски соиграч Алек Хименес за време на натпревар од Серија А против Удинезе кој се одигра во петокот, објави клубот. Францускиот репрезентативец остана без свест за краток момент и беше изнесен на носилки за време на победата од 4-0 во Удине.
„Мајк Мењан помина низ специјални истражувања кои отфрлија евентуални компликации. Во наредните денови, Мајк ќе може постепено да почне со тренинзи“, соопштија од Милан.
Прогнозите се дека ќе тренира според индивидуална програма околу три дена, а потоа комплетно ќе им се придружи на своите тимски другари.
Следниот домашен натпревар на Милан е во недела против третопласираната Аталанта. Веројатно, Марко Спортиело, кој влезе како замена во 55. минута против Удинезе, ќе биде на голот за претстојниот натпревар против „бергамаските“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal