
Интер Мајами продолжува со одличната серија резултати на стартот од новата сезона во МЛС – лигата. Екипата на Хавиер Маскерано ја запиша третата последовна победа, откако на гостински терен со 1-2 го совлада тимот на Атланта Јунајтед во натпревар од четвртото коло.
Домаќините први го отворија резултатот. Во 11. минута, Брукс Ленон проби по десната страна и нафрли во шеснаесетникот, каде што Емануел Лате Лат со глава ја испрати топката во мрежата за водство од 1-0.
Messi steals it, Messi finishes it.
— Major League Soccer (@MLS) March 16, 2025
🐐 things. pic.twitter.com/u0RovdUfzq
Интер Мајами брзо израмни. Девет минути подоцна, Лионел Меси ја украде топката пред шеснаесетникот, мајсторски се ослободи од противнички играч и со прецизен лоб удар го совлада голманот за 1-1.
Во самиот финиш на натпреварот, гостите дојдоа до победничкиот погодок. Во 89. минута, Жорди Алба испрати одличен центаршут, а Фафа Пико со глава ја испрати топката во мрежата, носејќи триумф за својот тим.
Со оваа победа, Интер Мајами се зацврсти на првото место во Источната конференција со 10 освоени бодови, додека Атланта Јунајтед се наоѓа на 12. позиција со само четири поени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Прва лига
Донгмо прави трансфер во Романија

Евро-фудбал
Наполи се вклучи во трката за Расмус Хојлунд

Интернационалци
Јован Манев потпишува за Нови Пазар

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
