
Атлетико Мадрид претрпе болен пораз од Барселона (2-4) и покрај тоа што имаше сигурна предност од 2-0. Во дербито на колото во Ла Лига, избраниците на Диего Симеоне не успеаја да ја задржат својата предност против Барселона, која со спектакуларен пресврт дојде до триумф од 2-4.
Овој пораз е втор тежок удар за мадридскиот тим во само неколку дена, по елиминацијата од Лигата на шампионите од градскиот ривал Реал Мадрид по изведување пенали.
Атлетико поведе со головите на Алварез и Сорлот, а со оглед на тоа што екипата на Симеоне ретко испушта ваква предност, изгледаше дека се на пат кон победа. Но, Барселона одговори со неверојатна серија – Левандовски и Торес за само шест минути донесоа израмнување (2-2), а пресвртот го комплетираше Јамал со погодок во судиското продолжение. Во финишот, Феран Торес со својот втор гол го постави конечниот резултат, 2-4.
Со оваа победа, Барселона се врати на врвот на табелата со ист број бодови како Реал Мадрид, но и еден одигран меч помалку, додека Атлетико останува на третата позиција со четири бода заостанување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Прва лига
Донгмо прави трансфер во Романија

Евро-фудбал
Наполи се вклучи во трката за Расмус Хојлунд

Интернационалци
Јован Манев потпишува за Нови Пазар

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
