Connect with us

Интер го освои Бергамо и побегна на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Интер забележа значајна победа на гостувањето кај Аталанта (0-2), нанесувајќи им удар врз надежите за титула на тимот од Бергамо.

Актуелниот шампион го скрши отпорот на домаќините во второто полувреме. Карлос Аугусто го отвори резултатот во 54. минута, а триумфот го запечати Лаутаро Мартинез во финишот, три минути пред крајот на регуларниот дел.

Средбата беше исполнета со тензии, а двете екипи завршија со играч помалку – Едерсон доби црвен картон за Аталанта, додека кај Интер исклучен беше Алесандро Бастони. Дополнително, тренерот на домаќините Џанпјеро Гасперини беше испратен во соблекувалната веднаш по вториот гол на „нераѕурите“.

Со овој триумф Интер останува лидер во Серија А со 64 бода, пред Наполи (61) и Аталанта (58).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови