
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изрази незадоволство од распоредот на натпреварите во Ла Лига, откако неговиот тим мораше да игра против Вилјареал со помалку од 72 часа одмор по натпреварот во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Анчелоти изјави дека ова е последен пат кога неговиот тим ќе игра со помалку од 72 часа одмор и дека нема да се појават на натпревар ако се повтори ваква ситуација.
Реал Мадрид побарал од Ла Лига да го промени времето на натпреварот двапати, но без успех. Анчелоти истакна дека основниот минимум за опоравување по натпревар е 72 часа и дека играчите сè уште се опоравуваат од претходниот натпревар. „Кралевите“ од последниот меч со Атлетико Мадрид во ЛШ кој го добија по изведување пенали, имаа одмор од само 66 часа.
По победата над Виљареал со 1-2, Реал Мадрид се врати на првото место на табелата со 60 бодови, три повеќе од Барселона, која има две натпревари помалку.
Асоцијацијата на шпанските фудбалери (АФЕ) го поддржа Реал Мадрид, истакнувајќи дека е неопходно играчите да имаат одмор од 72 до 96 часа меѓу натпреварите за да се зачува нивното физичко и ментално здравје.
Анчелоти истакна дека оваа сезона е многу стресна поради преголемиот број натпревари и дека од почетокот на 2025 година неговиот тим одиграл 22 натпревари, што значи дека играат на секои три дена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Прва лига
Донгмо прави трансфер во Романија

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
