
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го објави составот за претстојниот четвртфинален дуел против Холандија во Лигата на нациите, кој ќе се игра на 20 март во Ротердам и на 23 март во Валенсија.
Едно од најголемите изненадувања е повикот за младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио, кој се истакнува со своите изданија оваа сезона и за првпат ќе настапи за „Црвената фурија“.
Покрај тоа, на списокот се враќаат и многу познати фудбалери кои пропуштија претходни натпревари поради повреди, како Ламин Јамал од Барселона, Феран Торес, голманот Унаи Симон, Робин Ле Норман и Микел Ојарзабал.
Се враќа и дефанзивецот на Барселона, Ињиго Мартинес, а гигантот од Каталонија има најмногу претставници во репрезентацијата, со вкупно седум фудбалери.
„Раул Асенсио е во фантастична форма оваа сезона и неговото вклучување е одличен избор. Тој е играч кој ја забрзува динамиката на тимот. Ињиго Мартинес секогаш бил во нашите планови и сега е вистинскиот момент да го вклучиме бидејќи одлично се вклопува во нашиот план за игра“, изјави Луис де ла Фуенте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Прва лига
Донгмо прави трансфер во Романија

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
