На седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одржана на 25. февруари беа донесени следните одлуки:
Управниот одбор на ФФМ го усвои дневниот ред за Редовното изборно Генерално Собрание на ФФМ кое ќе се оддржи на 15. март 2025 година во Скопје;
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за започнување постапка за формирање на Арбитражен суд во рамки на Фудбалската федерација на Македонија. Целта на Арбитражниот суд е да обезбеди ефикасно и брзо решавање на споровите настанати помеѓу фудбалските чинители (клубови, фудбалери, тренери…итн.);
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за спроведување на целосна реформа на организациската структура на ФФМ, како и да побара овластување од делегатите на претстојното Собрание за промена на системот на натпреварување во сите категории;
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да даде предлог на претстојното Собрание за отпочнување постапка за формирање на трговско друштво со цел комерцијализација / физичка продажба на официјални дресови, опрема и реквизити од Фудбалската федерација на Македонија;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













