Connect with us

Безбедноста во фудбалот е на прво место – ФФМ го одржа редовниот семинар со комесарите за безбедност на клубовите

Комисијата за безбедност и сигурност и Одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија, на 8 и 9 февруари, во хотел „Сириус” во Струмица го одржаа редовниот семинар со комесарите за безбедност на клубовите кои настапуваат во Прва и Втора МФЛ пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.

На работилницата се дискутираше за различни теми кои се од големо значење за домашниот фудбал. Присутни беа и претставници на Министерсвото за внатрешни работи.

Главната тема на работилницата беше безбедноста и заштитата на интегритетот на фудбалските натпревари.

Зоран Саздов, член на Комисијата за безбедност и одделот за безбедност и интегритет;

Целта на овој семинар е подобро меѓусебно запознавање и комуникација на комесарите на клубовите со полицијата. На обуката беа презентирани конкретните мерки и активности за организирање на фудбалски натпревар во делот на безбедноста и сигурноста пред, за и по завршување на натпреварот. 

– Анализирајќи го првиот есенски дел од сезоната, можеме да заклучиме дека инцидентите во продолжението од сезоната (пролетниот дел) треба да се намалат, а инфраструктурата на стадионите да се подобри. Комесарите за безбедност требаа да имаат професионален и објективен пристап при донесувањето на своите одлуки.

– Во продолжението на сезоната, претставниците на клубовите за безбедноста треба поодговорна и попрофесионално да ги организираат натпреварите. Да поднесуваат навремено информации за натпреварот во делот на организацијата кога клубот е домаќин. Што се однесува до гостинските натпревари, навремено да достават информација до полицијата околу патуването на навивачката група и бројот на навивачи.

– Голем проблем кај комесарите за безбедност претставува и немањето на ингеренции околу донесувањето на одлуки за превземање на мерки што произлегуваат од законот и правилникот за безбедност и сигурност, посебно во делот на инфраструктура и одредување на лица што се одговорни за безбедноста за време на натпреваротиte. Комесарите за безбедност треба  да ја подобраат соработката и комуникацијата со своите навивачи и своето раковоство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови