Connect with us

Жозе Мурињо ќе биде нов селектор на Португалија?

Фернандо Сантош е извесно дека ќе мора да замине од кормилото на Португалија, а италијанските медиуми најавуваат интересна можност, Жозе Мурињо да седне на клупата на националниот тим на својата земја. Тој би останал и тренер на Рома, но во периодите за репрезентативна пауза би се фокусирал на Португалија.


Сепак, за ова ќе треба да даде дозвола и раководството на Рома, со оглед дека Мурињо нема таква клаузула дека би можел да работи и друго освен да биде посветен на тимот на „волчицата“.

Доколку не е изводлива опцијата со Жозе Мурињо, тогаш Руи Жорге, селекторот на младата фудбалска репрезентација е прв пик за наследник на Фернандо Сантош.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови