
Жоргињо нема да го продолжи договорот со Арсенал, тој одлучил да се врати во Италија. Италијанскиот репрезентативец со бразилско потекло има договор со „топчиите“ до крајот на оваа сезона.
Жоргињо добил дури четири понуди за враќање во Серија А, за него се заинтересирани Јувентус, Интер, Лацио и Милан.
Останува да избере во кој клуб сака да ја продолжи кариерата.
Жоргињо првпат потпиша за Челси летото 2018 година. Наполи доби 57 милиони евра обештетување, по што во јануари 2023 година потпиша за Арсенал. „Сините“ добија 11 милиони евра, колку што изнесуваше трансферот на 31-годишниот играч за врска меѓу двата лондонски клуба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Гави заминува на операција, потврди Барселона
