Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови (0-0) на контролниот дуел со Летонија, кој служеше како последна проба пред квалификацискиот натпревар против Велс во Кардиф.
Селекторот Благоја Милевски по средбата ги сподели своите впечатоци и нагласи дека е задоволен од тактичката изведба на тимот, иако изостана реализацијата која ќе донесеше триумф.
„Сè што го поставивме како задача за овој меч – освен самата победа – беше остварено. Сакав да видам како функционира селекцијата во нова формација, со свежи тактички насоки и ситуации кои претходно не сме ги практикувале. Од тој аспект, мислам дека одигравме одлично. Жал ми е што условите за игра не беа на едно повисоко ниво. Се надевам дека наскоро ќе обезбедиме подобар терен, што би ни помогнало да бидеме поефективни во завршницата. Кога противникот е поставен во густ дефанзивен блок, потребно е многу прецизно последно додавање – а вечерва тоа ни недостасуваше. И покрај тоа, создадовме неколку возможности, но не ги искористивме. Честитки и за нашите и за противничките фудбалери. Задоволен сум бидејќи секој кој доби шанса ја оправда довербата, без разлика дали е стандарден или влегува од клупа. Тоа ми дава сигурност дека можам да сметам на секого“, изјави селекторот Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













