Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) на Арената Тодор Проески ја пречекува Летонија во последниот домашен натпревар оваа година. Иако е пријателски меч, сепак, фудбалерите посакуваат победа, да се земе залет за важниот квалификациски натпревар против Велс во Кардиф, на 18 ноември.
„За нас секој натпревар е важен и сигурно дека ќе дадеме се од себе да ги оствариме нашите цели. Македонија оди на победа на секој натпревар, така ќе биде и против Летонија. Потоа ќе го насочиме нашиот фокус кон квалификацискиот натпревар против Велс кој секако има друга тежина”, изјави Дарко Чурлинов.
Селекторот Благоја Милевски ќе се обиде да испроба и некои други варијанти, но исто така и да го подготви тимот за пресметката со Велс.
ФФМ направи одличен потег, влезот на Арената е слободен, како еден знак на благодарност кон фудбалските фанови за досегашната поддршка за националниот тим. Ова е и покана повеќе да се исполнат подобро трибините на нашиот најголем стадион.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













