Крилниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао, би можел наскоро да ја продолжи својата кариера во Премиер – лигата. Според информациите на „Caught Offside“, за португалскиот репрезентативец сериозен интерес покажуваат Арсенал и Челси.
„Топчиите“ подготвуваат понуда вредна 85 милиони евра за 26-годишниот Леао. Од друга страна, Челси засега нема конкретна понуда за зимскиот преоден рок, но минатото лето беа подготвени да платат 113 милиони евра.
Договорот на Леао со Милан има важност до јуни 2028 година. Оваа сезона тој има осум настапи за клубот во сите натпреварувања, на кои постигна пет голови и забележа една асистенција.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













