Андреј Стојчевски заедно со останатите партнери во одбраната на Македонија имаше солиден натпревар, но нашиот национален тим ја прекина серијата од пет победи во дуелите со Летонија со домашно реми (0-0), резултат кој сепак не може да нѐ израдува.
„Има одредена разочараност затоа што не победивме денес. Теренот беше ист за двете селекции, во дефанзивата добро функциониравме. Ни фалеше гол во нападот, но што е тука е, одиме во Велс да покажеме што знаеме и дека ништо не е случајно од ова што го градевме. Добра е атмосферата во тимот, одиме на победа и се надевам дека ќе се вратиме со три бода“, изјави Стојчевски.
Натпреварот меѓу Велс и Македонија се игра на 18 ноември. Нашиот национален тим го чека епилогот од дуелот меѓу Лихтенштајн и островската селекција, за да има јасна слика дали реми или само победа над ривалот ќе ја однесат по полесен пат да игра бараж за Мундијалот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













