ЖФК Љуботен од Тетово е нов шампион на Македонија откако за еден бод мина прв низ целта во домашниот шампионат. Тимот стигна до првиот трофеј во историјата откако славеше над ЖФК Истатов во Дојран со 1-3 и го одбрани првото место во последното коло на кое атакуваа ЖФК Тиверија Струмица и ЖФК Каменица Саса.
Тиверија и Саса исто така славеа убедливи победи против Атлетико (0-7) и против Речица (0-5), но тоа сепак не беше доволно за шампионскиот трофеј.
ЖФК Љуботен ја освои лидерската позиција со 55 бода, пред ЖФК Тиверија со 54 бода и ЖФК Каменица Саса со 53 бода.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski