Connect with us

Зделката завршена, Хакими на лекарски прегледи во Париз

Францускиот гигант Пари Сен Жермен успеа да го заокружи трансферот на Ашраф Хакими. Десниот бек на Интер доаѓа во вторник во Париз каде треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа и да стави потпис на договор со „светците“.

Спортскиот директор Леонардо успеа да го реализира посакуваниот трансфер, Интер ќе добие 60 милиони евра, со можност и за дополнителни 10 милиони евра преку бонуси.

Хакими сигурно ќе биде огромно засилување за ПСЖ за следната сезона, а следна аквизиција на „светците“ треба да биде дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови