Connect with us

Заврши сезоната за Лисандро Мартинез

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, заработи повреда на првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа против Севилја, а деталните прегледи покажаа дека неговата здравствена состојба нема да му дозволи да игра до крајот на сезоната.


Репрезентативецот на Аргентина има фрактура на петтата метатарзална коска на десното стапало. Медицинскиот персонал на „црвените ѓаволи“ сѐ уште не е сигурен дали е најдобро Мартинез да се оперира или да почека коската сама да зарасне. Во секој случај, тој ќе отсуствува најмалку еден месец и нема да игра повеќе до крајот на сезоната.


Дефанзивецот се повреди на крајот на натпреварот кој заврши 2-2. Тој не можеше слободно да чекори и беше изнесен надвор од теренот од сонародниците во тимот на Севилја, Маркос Акуња и Гонзало Монтиел.


Лисандро Мартинез дојде во Манчестер Јунајтед минатото лето од Ајакс. Аргентинецот досега има 27 настапи и еден гол во Премиерлигата, и беше клучна фигура во тимот на Ерик тен Хаг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови