Чилеанската фудбалска легенда Иван Заморано смета дека Килијан Мбапе и Ерлинг Холанд не заслужуваат да бидат наречени совршени напаѓачи. Сепак, за таков го смета Хулијан Алварез од Манчестер Сити, кој пред неколку дена стана светски шампион со селекцијата на Аргентина.
„Халанд не е доволно добар на крилните позиции, а кога Мбапе треба да игра во улога на типична „деветка“, тој не прави доволно“, изјави Заморано за аргентинското издание „Оле“.
„Во исто време, сепак, Алварез прави сѐ што овие двајца не можат да направат. Добро се снаоѓа на крилните позиции, физички е силен, брз е и одблиску и од далечина. Ова момче е иднината на аргентинскиот фудбал“, додаде поранешниот стрелец на Реал Мадрид и на Интер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski