Connect with us

Заха ќе ја засили Рома?

Напаѓачот на Кристал Палас, Вилфред Заха, би можел да ја продолжи кариерата во Рома. Британските медиуми тврдат дека Заха му бил понуден на Мурињо.


Со години се шпекулира за заминување на одличниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, но проблем е високата отштета.

Заха не ја крие желбата да соработува со Жозе Мурињо, но сега двата клуба треба да се договорат.

Рома минатата сезона ја освои Конференциската лига, а во новата сезона под водство на Жозе Мурињо ќе тргне по „скудетото“ кое го чека од 2001 година.

Во римскиот клуб веќе пристигна Немања Матиќ, а следен е поранешниот член на Реал Мадрид, Иско. Сега следи засилување на нападот, а Мурињо размислува за Вилфред Заха и за Пауло Дибала.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови