Connect with us

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Ќе се врати ли Гостивар на победнички патеки?

Гостивар го испушти лидерското место на табелата во Втората лига Запад со два последовни порази, а тоа придонесе и за ангажман на Дашмир Беари за нов шеф на стручниот штаб. Денеска (13 часот) гостиварци го пречекуваат Тетекс и посакуваат да се вратат на победничките патеки. Во тимот нема да бидат Адмир Демири и Бленд Бектеши, но и покрај тоа очекувањата се да се освојат трите бода. 

ФК Скопје ја искористи кризата на Гостивар и дојде на врвот, па сега не сака лесно повторно да го препушти. Тимот од Автокоманда го пречекува Вардар Форино кој се наоѓа во финансиска криза. 

Интересно ќе биде и на локалното дерби меѓу Велешта и Охрид. Токму охриѓани во последното коло го зедоа скалпот на Гостивар, па сега полни со самодоверба гостуваат кај Велешта. 

Во Кичево, Велазерими ќе го пречека Кораби, а Дрита е домаќин на Кадино. 

        
Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови