Connect with us

ВИДЕО: Голот на Димитровски за победа на Работнички

Работнички по две ремија во првите две пролетни кола, конечно стигна до триумф. Тимот на Жикица Тасевски славеше на гостувањето во Кичево против Победа со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Владимир Димитровски во 21.минута од натпреварот.

Дефанзивецот скокна највисоко во петерецот по корнерот од десната страна и со удар со глава погоди на вистинското место. Победа немаше сили да возврати и да стигне до реми.

Овој натпревар почна 20 минути подоцна од останатите натпревари затоа што немаше амбулантно возило на стадионот во Кичево.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови