Connect with us

Васоски е желба на Олимпија Љубљана

Словенечкиот фудбалски прволигаш Олимпија Љубљана покажува сериозен интерес во текот на летово да го доведе Александар Васоски за нов тренер. Актуелниот сопственик на клубот, Милан Мандарич, најавува дека на крајот од сезонава ќе ја продаде Олимпија, а најсериозeн интерес засега покажува група компании од Германија. Токму нивна е желбата за нов кормилар да биде донесен Васоски, како предводник на новиот проект по одличните успеси што ги имаше на чело на Вардар.

Младиот стручњак заврши извонредна работа на клупата на „црвено-црните“, успевајќи да создаде огромна предност во трката за титулата пред Силекс и Шкендија. Потоа дојде одлуката за прекин на шамионатот поради повторниот налет на пандемијата на коронавирусот. Вардар е во неизвесна финансиска ситуација, Сергеј Самсоненко одлучи да го врати клубот, но има огромни долгови кон фудбалерите и стручниот штаб, што би била само причина повеќе за Васоски да го прифати предизвикот за преселба во Словенија.

Олимпија Љубљана е исто така лидер во словенечкиот шампионат. После 26 кола, „змајчеки“ се првопласирани на табелата и имаат пет бода пред Целје и седум пред Марибор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови