Connect with us

ВАР е подготвен, стартува нова ера во фудбалска Македонија (ФОТО)

Историски момент за македонскиот фудбал — од новата сезона, Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе користи ВАР-систем. На официјална промоција во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), беа претставени сите детали околу новитетот кој треба да донесе повеќе правда и помалку контроверзии на терените низ земјава.

Од ФФМ информираа дека се подготвени три целосно опремени и брендирани ВАР-соби, со што ќе биде овозможено истовремено следење и анализа на три натпревари.


Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, заедно со Дејан Јакимовски, проектниот лидер за имплементацијата на ВАР, ги споделија клучните информации.

„Горд сум на она што го реализира Федерацијата и пред сѐ тимот задолжен за имплементација на ВАР во Македонија. За само четири месеци успеавме да направиме сѐ, и за тоа добивме посебни пофалби и од УЕФА и од ФИФА. Ова е еден голем чекор напред, инвестиција во подобар македонски фудбал. Ќе продолжиме да се развиваме и маркетиншки, ќе вложиме и во изградба на рефлектори на одредени стадиони, веќе имавме начелни разговори за Кавадарци, сето ова во подобрување и издигнување на стандардните на македонскиот фудбал“, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Покрај ВАР-собите, набавено е и современо репортажно возило кое ќе се користи за телевизиски преноси, што е дополнителен чекор напред во професионализацијата на домашниот фудбал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови