Претставници на Арсенал имале неколку средби со агентот на турската ѕвезда на Јувентус, Кенан Јилдиз, пишуваат англиските медиуми. За 20-годишниот турски репрезентативец веќе покажуваат интерес и други англиски гиганти, како и Реал Мадрид.
Кенан Јилдиз, кој во мај наполни 20 години, веќе е меѓу клучните фигури во стартниот тим на Јувентус. Во тековната сезона има значителен придонес за „бјанконерите“, со шест постигнати голови и шест асистенции на 18 официјални натпревари, вклучително и на Светското клупско првенство на ФИФА.
И покрај силниот интерес, фудбалерот неодамна потпиша нов договор со клубот до јуни 2029 година и ја доби честа да го носи дресот со број „10“, кој претходно му припаѓаше на неговиот идол, Алесандро Дел Пјеро.
Според англиски извори, претставници на Арсенал патувале во Торино, каде што имале средба со познатиот менаџер Жорге Мендеш, кој го застапува Јилдиз. Сепак, засега не е познато каков е исходот од разговорите.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













