Неверојатен гаф го засени Генералното собрание на клупското раководство на Реал Мадрид. Додека претседателот Флорентино Перес ѝ се обраќаше на јавноста, се случи пропуст кој бргу стана главна тема во светските медиуми.
Кралскиот клуб објави видео посветено на личности кои починале во текот на оваа година, со намера да им оддаде почит на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои летово трагично загинаа во сообраќајна несреќа на северот на Шпанија.
Real Madrid have apologized to Elche and their player André da Silva. The club mistakenly used his image instead of that of André Silva, brother of Diogo Jota in a tribute video.
byu/Task_Force-191 insoccer
Во желбата да им оддадат почит, во клубот направиле неверојатна грешка. Покрај фотографијата на братот на Жота, по грешка била ставена слика од сосема друг Андре Силва, португалскиот напаѓач кој моментално игра за Елче.
Реал токму вечерва игра натпревар од Ла Лига против тој клуб.
Информацијата дека наместо починатиот брат на фудбалерот на Ливерпул била употребена фотографија од активен фудбалер на Елче ја шокираше јавноста, а многумина веднаш им укажаа на тој пропуст преку социјалните мрежи.
Од Реал експресно реагираа и објавија извинување поради грешката.
„Реал Мадрид му се извинува на Елче и на нивниот фудбалер Андре Силва, затоа што по грешка беше вметната неговата фотографија во некрологот на емотивното видео, наместо фотографијата на братот на Диого Жота. Навистина ни е жал поради овој инцидент“, порачаа од клубот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













