Вардар ја зацврсти својата доминација на табелата во Првата лига, освојувајќи нови три бода во 14. коло со победата од 0-2 на гостувањето кај АП Брера во Струмица. Ова е вкупно 11. триумф за тимот на Гоце Седлоски, кој останува непоразен во шампионатот по 14 одиграни средби.
На тежок и терен, „црвено-црните“ беа поорганизираната и поопасната екипа. Иако во првото полувреме пропуштија неколку прилики – најзначајната преку Едиз Спахиу, сепак, ја потврдија својата надмоќ по паузата.
Предноста стигна во 53. минута, кога Талевски од непосредна близина ја затресе мрежата по добро изведена акција. Во 71. минута, резервистот Димитар Тодоровски казни грешка на домашната одбрана и го постави конечниот резултат, додека само две минути подоцна Јанкулов беше блиску до трет погодок, но не успеа да погоди.
Со оваа победа, Вардар се зацврстува на врвот со 36 освоени бодови – четири повеќе од Струга Трим Лум, која има натпревар помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













