Брера е пред големо искушение, со оглед дека првиот меч по репрезентативната пауза го игра против лидерот Вардар. Во Струмица денеска гостува лидерот на табелата, но младите момци од Брера не се премногу импресионирани. Велат, ќе дадат сѐ од себе и на овој дуел, а веќе покажаа дека можат да победуваат и фаворити.
„Вардар е бренд, има силен тим и доаѓа како лидер на табелата. Но, верувам во моите млади момци, покажавме оваа сезона дека можеме да победуваме и фаворити. Одигравме добро со Шкендија, ја победивме Струга ТЛ, а и со Вардар ремизиравме на првиот меч во Скопје. Знаеме дека нѐ очекува тежок натпревар, но ќе сториме сѐ да стигнеме до позитивен резултат. Дали ќе успееме во тоа, ќе видиме“, вели тренерот на Брера, Мартин Алаѓозовски.
Поради повреда, ќе ги нема на располагање Наумчески и капитенот Антовски, но шанса ќе добијат некои помлади фудбалери.
„Кај нас во Брера е така, им веруваме на младите, а тие сигурно ќе имаат инспирација да одиграат најдобро што умеат против Вардар“, дополнува шефот на стручниот штаб на струмичкиот прволигаш.
Брера го очекува натпреварот од 14.коло во Првата лига од шестата позиција со освоени 16 бодови, додека Вардар е првопласиран и досега собра повеќе од двојно од противникот, вкупно 33.
Мечот се игра од 13 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













