Рен одигра одличен натпревар во 13. коло од француското првенство, совладувајќи го Монако на домашен терен со убедливи 4-1.
Првиот гол за домаќините падна во 20. минута. Акцијата започна од голманот, продолжи по десната страна преку Камара, кој центрираше до Будијал за водство од 1-0. Фудбалерите на Рен имаа многу простор за игра, а стрелецот успешно ја заврши акцијата.
Во 48. минута дојде до 2-0. Камара ја искористи одбраната на Монако и шутот од околу 30 метри, кој голманот Храдецки само го одби, заврши во мрежата за рутинско зголемување на предноста.
Црвениот картон на Закарија во 66. минута уште повеќе го олесни патот на Рен, кој до крајот на мечот постигна уште два гола – првиот преку Емболо во 73. минута, а вториот преку Блас од пенал десет минути подоцна.
Во 85. минута се забележа и враќањето на Пол Погба на теренот, кој влезе наместо Кулибали по повеќе од две години отсуство од официјални натпревари. Тој доби громогласен аплауз од навивачите на Рен.
Монако успеа само да го ублажи поразот со погодокот на Бирет во петтата минута од судиското продолжение.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal













