
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, беше видно разочаран по поразот од 5-0 против Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите во Минхен – натпревар што беше кулминација на долга и напорна сезона за неговиот тим.
И покрај тоа што Интер се бореше на три фронта – Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите, тимот остана без трофеј, а Инзаги не ја криеше тага по уште една пропуштена шанса на најголемата сцена.
„Дадовме сè од себе на 58 натпревари. На овој пат сме уште од 13 јули, и затоа не ми изгледа соодветно сега да зборувам за иднината.“
Инзаги потсети и дека и пред две години Интер не успеа да ја освои Лигата на шампионите, кога изгубија од Манчестер Сити, а сега болката е повторно присутна.
„На стадионот дојдоа многу наши навивачи надевајќи се дека ќе го заокружиме ова патување, но како и тогаш – не успеавме токму во најважниот натпревар.“
И покрај тешкиот момент, Инзаги се обиде да испрати порака на надеж.
„Финалињата оставаат трага, но мора да се вратиме посилни. Од поразот се излегува посилен. Звучи како клише, но веќе поминавме низ тоа и потоа ја освоивме титулата.“
На прашањето дали ќе остане тренер на Интер и за Светското клупско првенство следниот месец, Инѕаги одговори искрено:
„Не знам што да кажам на тоа прашање.“
На крајот, ја призна супериорноста на Пари Сен Жермен:
„Останува горчина. Но, мора да ја кренеме главата, бидејќи игравме против тим кој заслужено победи.“
Со ова, се отвора прашањето за иднината на Инзаги на клупата на Интер, но и за иднината на тимот кој повторно беше блиску, но не успеа да го направи последниот чекор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
