Тихомир Костадинов беше стартер на денешниот меч против Летонија (0-0). Играчот за врска ја имаше една од најдобрите шанси за погодок, но неговиот удар со глава противничкиот голман успеа да го скроти.
„Сакавме победа, но не успеавме. Ни недостасуваше погодок, имавме свои шанси, но голманот на Летонија се покажа одлично со неколку клучни интервенции. Позитивното е тоа што повторно ја сочувавме својата мрежа. Денешниот фудбал веќе е таков — сите екипи се цврсти и агресивни. Во Велс тоа може да биде уште поинтензивно, па мора да бидеме подготвени. Знаеме што нѐ чека и за што играме, ќе се потрудиме максимално да се подготвиме за она што ни следи во Кардиф“, изјави Костадинов.
Последниот меч од квалификациите за СП 2026 меѓу Велс и Македонија е закажан за 18 ноември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













