Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го скуси изборот на кандидати номинирани за престижните награди за најдобар фудбалер и за најдобар тренер за изминатата сезона.
Во конкуренција кај играчите се Жоргињо, фудбалерот кој со Челси ја освои Лигата на шампионите, а со Италија стана европски првак, потоа неговиот соиграч од Челси, Нголо Канте, и фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин.
За најдобар тренер номинирани се селекторот на Италија, Роберто Манчини, менаџерот на Челси, Томас Тухел, и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
Победниците ќе бидат познати на 26 август, кога ќе се изврши ждребот за групите во Лигата на шампионите за новата сезона.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski