Connect with us

Цветаноски: Целта е да го донесеме шампионскиот трофеј на Чаир

Шкупи е неприкосновен лидер на табелата во Првата лига, по триумфот (5-0) над Брегалница обезбеди големи седум бода предност во однос на првите конкуренти Ренова и Академија Пандев, а дури 11 бода позитива во однос на актуелниот првак Шкендија.


Шкупи имаше извонредно издание на Чаир, а Матеј Цветаноски беше еден од најдобрите во составот на Гоце Седлоски.

„Среќен сум за големата победа која дојде како плод на одлична тимска игра. Лично, среќен сум за двата гола, но уште посреќен затоа што тимот функционира одлично и редиме победи. Продолжуваме да работиме напорно и се надеваме дека ќе ја исполниме желбата на клубот и на навивачите да ја донесеме титулата на Чаир“, вели Матеј Цветаноски.

Шкупи во следното коло ќе гостува во Ѓорче Петров и ќе ги одмери силите со Македонија ЃП.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови