Нури Шахин ќе биде новиот тренер на Борусија Дортмунд, официјално соопштија од клубот. На оваа функција тој го наследува Един Терзиќ, чиј помошник беше досега.
Оваа одлука Борусија Дортмунд ја донесе денеска по разговорите меѓу Шахин, спортскиот директор Себастијан Кел и извршниот директор Ларс Рикен.
Поранешниот играч од средниот ред ќе потпише договор со Борусија Дортмунд до летото 2027 година. „Жолто-црните“ минатата сезона завршија на петтото место во Бундес-лигата, но, сепак, ќе играат во Лигата на шампионите бидејќи Германија има висок коефициент кој им овозможува пет учесници во новиот формат на турнирот.
„За мене е голема чест што ја преземам тренерската функција на Борусија Дортмунд. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот за довербата што ми ја дадоа. Навистина со нетрпение очекувам да зачекорам во мојата нова улога. Од првиот ден ќе направиме сѐ со многу енергија и голема страст за да постигнеме максимален успех“, изјави Нури Шахин за официјалниот сајт на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













