Се појавија првите проблеми на Европското првенство. Првиот натпревар е во Минхен, но полицијата евакутираше фан зона во Берлин.
Евакуирана е фан зоната околу Рајхстагот поради сомнителен предмет. Осомничен и уапсен е човек кој оставил ранец во близина на фан зоната, објави „Билд“.
Полицијата детално го претресува теренот со кучиња трагачи, а се претпоставува дека станува збор за експлозивна направа.
„Од безбедносни причини е оформено заштитено подрачје. Во моментов се пребарува ранецот, а постои можност да не е внесен во фан зоната бидејќи е поголем од дозволената големина. Заштитеното подрачје е широко 200 метри, но не ја опфаќа целата фан зона. Три влеза се затворени, а еден сѐ уште е отворен“, изјави портпаролката на берлинската полиција, Беатрис Остертаг.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













