Руските фудбалски клубови нема да можат да учествуваат во европските натпреварувања оваа сезона, одлучи денеска Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана.
Русите претходно поднесоа жалба до спортскиот суд против одлуките на УЕФА и на ФИФА кои ги суспендираа руските тимови и селекции поради војната во Украина, но денеска судот ги потврди одлуките на водечките фудбалски тела.
Судот за спортска арбитража во блиска иднина ќе одлучува по жалбите на руските федерации во други спортови бидејќи многумина го следеа примерот на УЕФА и ФИФА и ги суспендираа натпреварувачите од Русија за воените настани на територијата на Украина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













