Македонија вечерва (20.45 часот) го пречекува Велс во натпревар од второто коло во квалификациите за Светското првенство 2026. Тоа е второ гостување за оваа селекција во Скопје.
Претходниот меч се одигра на 6 септември 2013 година, еден ден по роденденот на Александар Трајковски.
Македонија тогаш победи со 2-1, а победничкиот гол го постигна токму Трајковски. За него, тоа беше посебен погодок бидејќи му беше прв на официјален натпревар за нашата репрезентација.
Македонија поведе преку Иван Тричковски, но Арон Ремзи изедначи од пенал.
Десет минути пред крајот, Трајковски, кој претходно влезе од клупата, постигна гол за триумф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













