Натпреварот меѓу Тиквеш и Брера имал и пресметка надвор од теренот, во која учествувале фудбалери на двете екипи. Физичката пресметка е регистрирана и во билтенот на МВР.
МВР информира дека вчера попладне во 17.20 часот, полициски службеници од МВР Кавадарци го привеле Ѓ.И. (28) од Република Србија кој по завршување на натпреварот на Градскиот стадион во Кавадарци физички го нападнал Д.К. (32) од Прилеп – играч на ГФК „Тиквеш“ по што е поднесена соодветна пријава.
Се работи за Ѓорѓе Ивковиќ, напаѓачот на Брера, и Даниел Карчески од Тиквеш.
На теренот, Тиквеш славеше против Брера со 3-1.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski