Македонскиот репрезентативец Кристијан Трапановски со оптимизам го најави квалификацискиот натпревар против Белгија, истакнувајќи дека репрезентацијата е целосно фокусирана и подготвена за предизвикот.
„Сезоната за нас уште не е завршена. Ова се последни натпревари за репрезентативците, но имаме сили за успех. Мотивирани сме и одлично подготвени. Индивидуално Белгија има топ играчи, но ако сме тактички добро поставени, можеме да им парираме“, изјави Трапановски, додавајќи дека ќе дадат сѐ од себе за добар резултат против „црвените ѓаволи“.
Македонија досега има освоено четири бодови по првите два меча од квалификациите, и токму дуелите со Белгија и Казахстан ќе бидат клучни во борбата за пласман понатаму.
Натпреварот со Белгија се игра на 6 јуни на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













