Connect with us

Трајковски: Имав понуда од Милан, но ја избрав Мајорка

Александар Трајковски минатото лето како слободен играч од многуте понуди на негова адреса ја избрал онаа на Мајорка. Со оглед на минималната минутажа што ја имаше во шпанскиот клуб јасно е дека офанзивецот згрешил во изборот, а Трајковски во интервју за италијанските медиуми обелодени дека пред да потпише за овој клуб имал разговори за преселба во повеќекратниот европски првак Милан.
„Претставници на Милан се сретнаа со моите агенти. Имаше контакт, интерес од нивна страна, но не беше доволно. Работите не се одвиваа онака како што посакував, па на крајот заминав во Мајорка. Имав и други понуди од Италија, но кога стигна понудата од Мајорка, добив желба за промена, заминување од Апенинскиот полуостров и преселба во Шпанија“, открива Трајковски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови