Македонскиот прволигаш Шкендија в недела го пречекува Вардар во 21.коло од Првата фудбалска лига, а тимот на Јетон Беќири ќе биде посилен за двајца стандардни првотимци кои се враќаат во составот.
Клубот од Тетово информираше дека од суспензија се враќаат Енур Тотре и Бруно Дита.
Капитенот отсуствуваше со Гостивар поради пет жолти картони, додека Бруно Дита в недела ќе го има првиот официјален настап во 2024 година, откако ги пропушти првите два меча поради црвен картон добиен на натпреварот со Силекс на крајот од 2023 година.
Од друга страна, на мечот со Вардар ќе отсуствува Решат Рамадани кој нема право на настап поради тоа што беше исклучен минатата недела против Гостивар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski