
Филипе Кутињо нема да биде дел од составот на Бразил за Светското првенство кое започнува за 25 дена, тврди каталонскиот „Спорт“. Селекторот Тите веќе одлучил да не се потпира на играчот од средниот ред на Астон Вила.
Поранешниот играч на Ливерпул, Барселона и на Баерн Минхен од почетокот на сезоната е во лоша форма и нема постигнато гол или асистенција на 12 натпревари.
Кутињо пред четири години беше избран во „идеалниот тим“ на Светското првенство во Русија каде постигна два гола. Последен пат за Бразил играше во јуни на тест против Јужна Кореја.
Наместо него, Тите најверојатно ќе испрати повик до Евертон Рибеиро од Фламенго.
Во Катар „кариоките“ се во група со Србија, Швајцарија и со Камерун.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
