Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, постигна договор со раководството за одложување на преговорите за нов договор и ќе остане во торинскиот клуб до крајот на сезоната, објавија денеска италијанските медиуми.
Како што пренесува „Тутоспорт“, Влаховиќ и извршниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли, направиле „пакт“ за соработка до крајот на сезоната, односно двете страни се договориле да ги одложат преговорите до летото, кога Јувентус ќе има појасна слика за учеството во Лигата на шампиони.
И српскиот репрезентативец ќе има подобра претстава за опциите на преодниот рок.
Влаховиќ се одолеваше на притисокот да го напушти клубот минатото лето и сега е еден од најважните играчи на тимот и најдобар стрелец со шест гола во Серија А.
Медиумите пренесуваат дека преговорите за нов договор се тешки и компликувани.
„Јувентус не сака да понуди плата поголема од 8 милиони евра по сезона, а дел од раководството смета дека таквата инвестиција е ризична поради претходните повреди и не секогаш стабилната игра“, пишува „Тутоспорт“.
Влаховиќ моментно е најплатен играч во Серија А, а за „бјанконерите“ не е одржливо да продолжат со толкави плати.
„Нема дилема дека судбината на Србинот ќе зависи од неговите настапи. Тој е стабилен и самоуверен во Торино, свесен за растечката важност и лидерската улога во тимот, но за да заслужи продолжување на договорот, ќе мора до јуни да ја покаже својата вредност на теренот“, пренесува торинскиот весник.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













