Џулијано Симеоне го продолжи договорот со Атлетико Мадрид, така што 22-годишниот напаѓач ќе продолжи да игра под водство на својот татко, Диего Симеоне, кој ја предводи екипата од 2013 година.
Една од првите задачи на новиот спортски директор на клубот, Матеу Алемани, беше да ја реши иднината на младиот аргентински фудбалер.
Симеоне и клубот веќе подолго време преговараа за продолжување на соработката, а за време на паузата за репрезентации договорот беше официјално потпишан.
Според „Марка“, новиот договор предвидува продолжување на соработката до летото 2030 година, што е две сезони повеќе од претходниот договор кој требаше да истече во 2028 година. Договорот исто така вклучува зголемување на платата и значително зголемена откупна клаузула, од 50 милиони на 100 милиони евра.
Ова е јасен знак дека Атлетико сака да го задржи својот млад крилен напаѓач и да спречи какви било обиди тој да го напушти „Метрополитано“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













